Зоолошката во главниот град остана затворена за посетители. Според информации на Мета кои се повикуваат на вработени од самата Зоолошка станува збор за бактерија кај гуските, а од истата можат да се заразат и луѓето.

АХВ на терен

За само неколку денови угинале десетина гуски, а сега се усмртуваат и останатите. Од Агенцијата за храна и ветеринарство утрово се на терен, а се земаат примероци дали има присуство на птичји грип.

Галетановски: Станува збор за птичји грип

Поранешниот директор на ЗОО Скопје, Ѓорѓи Галетановски објави на Фејсбук дека станува збор за „птичји грип“.

Во моментов Зоолошка е затворена посетителите евакуирни инспектори се веќе влезени. Ги замолувам посетителите и колегите сите што ја посетиле деновиве да се проверат“, напиша Галетановски на Фејсбу.

Миланов: Се вршат испитувања

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов се одзва на повиците на Мета. Тој вели дека од рано  утрина е на терен и дека ќе се вршат сите можни испитувања.

„Во моментов не можам да дадам никакви конкретни информации додека немаме рзултати од испитувањата“, изјави Миланов.

Данела Арсовска смени четворица директори за оваа функција

Актуелната градоначалничка Данела Арсовска која меѓудругото смени и четворица директори на оваа позиција без став.

Се бараат одговори

Граѓаните бараат одговори и официјално соопштение од надлежните бидејќи ова може многу да биде сериозно по здравје на жителите. На социјалните мрежи се упатуваат апели граѓаните што ја посетиле Зоолошката да се испитаат.