Затворениците ќе бидат ангажирани во пошумувачки акции низ Македонија. Овие акции ќе започнат од следната година, како дел од иницијативата за општествено-корисна работа.
Ова е заклучокот од средбата помеѓу директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, и заменик генералниот директор на „Македонски шуми“, Кире Михаилов.
Масовна акција за пошумување во Гевгелија: Засадени 6.000 нови дрвја
Според Михаилов, затворениците ќе учествуваат во обновување на шумите во Македонија особено во подрачјата погодени од пожари. Тие ќе се вклучат во активности поврзани со конфискација на бесправно посечена дрвна маса. Во тој дел „Македонски шуми“ се соочува со недостаток на работна сила.
„Следува период во кој ќе направиме сериозни промени. Приоритет ќе биде сѐ што е во интерес на граѓаните и животната средина на Македонија“, изјави Михаилов.
Оваа иницијатива е во согласност со најавите на Александар Пандов за воведување подобра организација и ред во затворите во Македонија. Целта е и зголемување на ангажманот на затворениците во проекти од јавен интерес.
Извор: Скопје1.мк