Завршен ден на кампањата: Последни митинзи и активности на партиите
Ноќеска на полноќ започнува изборниот молк кој ќе трае до завршувањето на гласањето. Денес е последниот ден од кампањата за првиот круг на локалните избори, додека кампањата за општините каде што нема да биде избран градоначалник во првиот круг ќе продолжи од понеделник, 20 октомври.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата вечерва ќе го одржат завршниот централен митинг во Охрид, додека СДСМ и коалицијата ќе ја претстават својата програма во Старо Нагоричане, Ранковце, Крива Паланка, Кратово и Куманово.
Прес-конференции во Скопје
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денеска ќе одржи прес-конференција. Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија ќе има завршен митинг во Куманово.
„ЗАЕДНО ДА ГО ВРАТИМЕ СЈАЈОТ НА СКОПЈЕ“: Ѓорѓиевски ги повика граѓаните масовно да заокружат број 9
Амар Мециновиќ ќе одржи прес на плоштад „Слобода“.
Акции на независните кандидати
Во рамки на последниот ден од кампањата, најавени се и прес-конференции на независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Горан Марковски, поддржан од платформата „Независни заедно“, како и на Билјана Ивановска, независна кандидатка за градоначалник на општина Центар, исто така поддржана од истата платформа.