„Скопје1“ дознава дека решенијата се доставени до сите освен Љупчо Палевски-Палчо поради тоа што тој треба да даде исказ пред обвинител, па да се донесе решение. Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски остануваат со статус на осомничени лица за сторени кривични дела убиство, помагање, грабнување.
Статус на осомничено лице добива и Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, за кого обвинителката тврди дека дал информација за траекторијата и времето на движење на неговата ќерка.
Медиумот пишува дека обвинителката Крстевска-Јосифовска ги утврдила сите траеоктрии на движења на Љупчо Палевски-Палчо, Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски како лица кои се гонат за сторување на грозоморните убиства.