Собранието вечерва ја заврши седницата на која пратениците упатуваа прашања до премиерот и членовите на Владата.

Тоа е последна седница на Собранието за годинава, а потпретседателот Горан Мисовски ја затвори упатувајќи честитка за новогодишните и божикните празници.

Во 2022 година Собранието во 88 дена одржало 39 нови седници, а со продолженијата од минатата година 50. Најмногу заостанати закони има на собраниската комисија за образование.