Во вториот круг од Локалните избори, се гласаше во вкупно 44 општини. Право на глас имаа 1 353 990 избирачи на 2481 избирачко место.
Повторување на гласањето за градоначалник и за совет имаше на едно избирачко место (0543) во Дебар, а се прегласуваше и на избирачко место 2957/1 во Шуто Оризари за членови на совет. Управниот суд го поништи гласањето на овие две избирачки места за гласањето од првиот круг на изборите на 17 октомври.
Првпат на локалните избори се применуваат терминали за биометриска идентификација на гласачите, а ќе се применуваат и општите мерки за заштита од Ковид-19.
Во вториот круг од Локалните избори на 31 октомври 2021 година се гласаше во следните општини:
Арачиново, Битола, Боговиње, Брвеница, Василево, Вевчани, Врапчиште, Гевгелија, Гостивар, Дебарца, Демир Капија, Демир Хисар, Долнени, Желино, Зелениково, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Кратово, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Ново Село, Охрид, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Ранковце, Ресен, Росоман, Старо Нагоричане, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Центар, Чаир, Чашка, Чешиново-Облешево, Чучер Сандево, Шуто Оризари, Град Скопје.
До 17 часот гласаче 42,44%.