Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со пријавата која попладнево беше добиена од едно скопско училиште дека била добиена порака на електронска адреса со закана за наводно поставена експлозивна направа и утврдено е дека станува збор за лажна пријава.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажна пријава.

Претходно, МВР информираше дека и другите дојави за бомби се лажни.

„Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреси со закана за наводно поставена експлозивна направа во 18 училишта во Скопје, како и едно училиште во Прилеп и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“ – информираа од МВР.

-Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, велат од МВР.