Во Основниот суд во Тетово за денеска е закажано продолжение на судскиот процес со завршни зборови на Обвинителството и одбрана на обвинетите кои се товарат за неколку кривични дела поврзани со пожарот во модуларната болница, во септември 2021 година при што загинаа 14 луѓе.
Ова е втор обид да има завршни зборови откако рочиштето на 25 април беше одложено поради отсуство на еден од обвинетите, тогашниот директор Флорим Бесими.
Неговиот адвокат образложи дека Бесими поради здравствени причини не може да присуствува на судењето.
Поранешните директори, Флорин Бесими и Артан Етеми се товарат за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека докторот Бобан Вучевски за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.
Клиничката болница како правно лице се товари за две кривични дела – „предизвикување општа опасност“ и „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.
Обвинетите на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението, но дека не чувствуваат вина.