Завршните зборови за случајот „Беса Транс“ ќе се одржат на 17 јануари, откако вчера во Основниот Кривичен суд Скопје заврши доказната постапка.
Во случајот се обвинети едно физичко и едно правно лице за продолжено кривично дело „фалсификување исправа“.
Според обвинителниот акт, обвинетиот Беким Хаџиу, како управител на правното лице „Беса Транс БТБ“ од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај.
„Беса транс“ е компанијата во чиј автобус во ноември 2021 година во несреќа, животот го изгубија 45 македонски државјани.
Процесот го води судијата Ивица Стефановски, застапник на обвинението е јавниот обвинител Владимир Милошевски.