Димитар Апасиев го заменил стариот автомобил со луксузен џип Пежо 3008, покажува прегледот во неговиот анкетен лист поднесен до Државната комисија за спречување на корупцијата.
Што пријавил Димитар Апасиев погледнете ТУКА.
Проверките покажуваат дека ова возило во Македонија увозникот Евроимпекс го продава за цена од 30.000 до 41.000 евра, во зависност од нивото на опременост.
Апасиев за возилото платил околу 35.000 евра?
Но во јавноста се шпекулира дека Апасиев за возилото платил околу 35.000 евра?
Луксузниот живот на Апасиев претходно беше анализиран од Радио Лидер, каде објавивме дека неговата сопруга била основач во голема компанија во чевларската индустрија која исплаќала минимални плати на работниците.
„Збогум сиромаштијо“
Апасиев претходно возеше стара Алфа Ромео, за која често се шегуваше. Очигледно Црвениот барон одлучил да се збогува со сиромаштијата, аскетскиот живот и пожртвуваната борба за работничката класа па се подновил со луксузен џип.