Зборникот е резултат на работата на истоимениот проект, што го реализираше тим на Академското етнолошко здружение – Софиски универзитет, во соработка со Институтот за етнологија и антропологија при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Во неговото печатење беше искористена поддршката на општина Софија. Автори на зборникот се Стамен Канев и Марина Јаниславова, а издавач е „Ерове“.
Публикацијата е своевидно продолжение на збирката „Софија – Скопје: културни модели и миграции“ објавена во 2019 година“, забележуваат авторите.
Во него има десет статии и тие се продолжени и дополнети верзии на дел од трудовите презентирани на почетокот на јуни на онлајн научна конференција на истата тема. Форумот се одржа со финансиска поддршка на општина Софија во рамките на програмата „Култура“.
Авторите се млади истражувачи и етаблирани научници од областа на етнологијата и историјата од Република Бугарија и Република Македонија.
Текстовите нудат различни гледишта и анализи за тоа што се случувало во последната 1,5 година во двете земји. Низ призмата на етнологијата и културната антропологија, авторите се фокусираат на динамиката на ситуацијата и промената во секојдневниот живот, навиките и свеченостите на луѓето за време на пандемијата со Ковид-19.
Презентирани се примери за начините на кои поединци, групи и заедници реагираат на кризата, како и нивните стратегии за нејзино надминување.