-Најважно е внатрешната организација да ја направиш врз принципи каде што ќе го почитуваш секој поединец и нема да заборавиш кој ти помогнал и на каков начин. Имавме плејада на луѓе кои застанаа зад политиките на СДСМ во 2013 година и претходно се до 2017 година. Кога се презема власта во една тешка и специфична ситуација со два проблеми. Во оперативните капацитети мора да покажете апсолутно нешто што им е потребно на граѓаните. Граѓаните може не ги разбираат клучните придобивки од НАТО и ЕУ. Но ние се компарираме, сакаме квалитетен живот, добри улици, квалитетна храна, да живееме во еден простор кој личи и приличи на европско живеење, рече Зечевиќ.

На прашањето дали е фер што лидерот на СДСМ Зоран Заев застанал зад еден од кандидатите за нов лидер на партијата, Зечевиќ објаснува дека премиерот во оставка проценил дека Ковачевски најмногу ќе придонесе за единство во партијата

-Не е исклучок и во другите политички партии лидерот да го избере својот наследник односно кандидатот за наследник за кој смета дека најмногу ќе придонесе за зачувување на она што значи партиско единство и претпоставувам дека господинот Заев од повеќе аспекти ги оценил и проценил сите идни ситуации и застанал позади кандидатот Димитар Ковачевски, одговори Зечевиќ.