Прв предуслов за средување на локалитетот Вардариште да почне да се третира депонијата со конкретен проект, вели Бобан Стефковски, кандидат од ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник на општина Гази Баба.

– Ние како одговорна локална самоуправа, иако надлежноста на оваа депонија е на Град Скопје, веќе преземавме низа конкретни чекори. Еден детален урбанистички план е веќе донесен, два се во постапка на носење. Вкупната површина на депонијата Вардариште опфаќа три блока, односно три детални урбанистички планови. Првиот што е донесен е со намена Д3 – спорт и рекреација и останатите два ќе бидат во таа насока – рече Стефковски во гостување на Телма.

Тој укажа дека како прв чекор потребно е да се исчисти дел од таа депонија, а потоа да се оплемени и да прерасне во зелена оаза.