Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази благодарност до САД за новиот пакет воена помош во вредност од 800 милиони долари.
Во синоќешното обраќање, тој се заблагодари и за посетите на претседателите на Полска, Естонија, Литванија и на Летонија.
– Лидери што нѝ помагаат од првиот ден, тие кои не се двоумеа да дадат оружје, тие кои не се сомневаа во одлуката дали да воведат санкции (против Русија), истакна украинскиот претседател.
Во неговиот телефонски разговор со американскиот претседател, Џозеф Бајден, се зборувало за нова испорака на оружје, уште поостри санкции против Русија, како и за напорите да се изведат пред правдата руските војници кои ги извршиле воените злосторства во Украина.
Зеленски информираше и за продолжување со чистењето на десетици илјади неексплодирани гранати, мини и кабли, поставени од Русите, при нивното повлекување од северниот дел на Украина.