Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше со европските лидери во Лондон и ја изрази својата фрустрација од НАТО поради нивното одбивање да воведат зона на забранети летови, јавува Би-Би-Си.

Во видео-повикот до премиерот на ОК Борис Џонсон и другите земји во Здружените експедициски сили, Зеленски рече дека НАТО е „најсилниот сојуз во светот“ – но „некои од членовите на оваа алијанса се хипнотизирани од руската агресија“.

-Слушаме многу разговори за Третата светска војна, дека наводно може да започне ако НАТО го затвори украинското небо за руските ракети и авиони и затоа сè уште не е воспоставена хуманитарна зона на забранети летови, рече тој.

Тој додава дека тоа и овозможува на руската армија да бомбардира мирни градови и да разнесе станбени блокови, болници и училишта.

-Четири катни згради во Киев во раните утрински часови беа бомбардирани, десетици мртви, додава Зеленски.