Украинскиот претседател Володимир Зеленски допатува во посета на Бугарија. Ова е негова прва посета на Бугарија од почетокот на војната во Украина.

Во последните денови се шпекулираше дали шефот на украинската држава навистина ќе ја посети оваа земја, но денеска истата беше потврдена од премиерот Николај Денков.

Според премиерот, украинскиот претседател ќе слета со владин авион.

Од неговата програма се знае само дека ќе има средба со претседателот Румен Радев.

Она што е предвидено во програмата е средба на двајцата претседатели, рече Денков одговарајќи на прашањето дали се очекува средба меѓу Румен Радев и Володимир Зеленски.

Во центарот на Софија има зголемени безбедносни мерки.