Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска е виден надвор од неговата официјална резиденција во Киев, за прв пат по ескалацијата на руската инвазија.
На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како тој ги посетува ранетите во болница.
Облечен во воена униформа, украинскиот претседател им додели медали на ранетите војници и направи селфи покрај нивните болнички кревети.
“Оздравете. Ви посакувам сила. Одлични сте момци!” -Се слуша како Зеленски им зборува на пациентите.
Досега сликите и снимките го прикажуваа Зеленски само во неговата канцеларија или службена резиденција. Руските медиуми постојано шпекулираа дека 44-годишниот украински лидер го напуштил главниот град на Украина.