Руската инвазија на Украина продолжува во својата втора недела, бројот на загинати цивили се зголемува, при што неколку градови имаат очајна потребата од залихи.
Откако руските трупи ги прекршија ветувањата дека ќе ги одржат коридорите за евакуација.САД вчера објавија дека дополнителни 500 американски војници ќе бидат распоредени во Европа за да го засилат крилото на НАТО, вклучувајќи ги Полска, Романија, Германија и Грција. Инаку администрацијата на Бајден постојано изјавува дека американските војници ќе останат надвор од конфликтот.Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди западните земји дека војната нема да запре во Украина – а нападот врз слободите таму,ќе влијае на остатокот од светот.
За време на интервјуто за Еј –Би-Си синоќа Зеленски повторно ја истакна потребата од обезбедување на воздушниот простор на Украина – иако САД и НАТО не се сложуваат на ваков потег.Тој додаде дека верува оти американскиот претседател Џо Бајден „може да стори повеќе“ за да ја запре војната.
„.Инаку САД и НАТО се противат на создавање зона на забранети летови во Украина, предупредувајќи дека таквиот потег може да доведе до „целосна војна во Европа“. Рускиот претседател Владимир Путин во саботата рече дека земјите што воведуваат таква зона за забранети летови ќе се смета дека учествуваат во конфликтот.
Вчера третата рунда на преговори меѓу Русија и Украина заврши со мал напредок за решавање на конфликтот меѓу двете страни, единствено придвижување има за хуманитарните коридори од градовите каде се водат најжестоки борби.