Украина со помош на оружјето на НАТО најавува голем контранапад на југот на земјата со цел да го ослободи тој дел од Украина. Претседателот Володимир Зеленски ги собра генералите и им нареди да направат план кој ќе вклучува милион војници опремени со западно оружје.
Министерот за одбрана за медиумите изјави дека целта е да се ослободи областа на Црното Море, која е од витално значење за украинската економија.
– Политички гледано, тоа е клучно за нашата земја. Претседателот дал наредба, сега останува на воените функционери да направат план, рече Резников и додаде дека е во постојан контакт со западните колеги на кои детално им објаснува какво оружје и треба на Украина.
– Задоволен сум од соработката со земјите од НАТО, но мора да биде уште побрза.
Дека нешто се случува на југот на земјата сведочи и веста објавена од украинската армија, која наводно гласи: „Го ослободивме селото Иваника во областа Керсон. Единствено што нашле таму е уништеното руско оружје.
Се уште нема официјална потврда дека овие наводи се вистинити.