Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика да се испрати повеќе оружје со голем дострел за да може да им се спротивстави на руските сили.
-Имаме доволно друго оружје. Но, немаме доволно од она што навистина може да погоди далечни руски цели, што ни треба за да одговориме на руската воена опрема, им рече Зеленски на новинарите, а пренесува Би-би-си.
Претходно овој месец, Обединетото Кралство потврди дека испраќа ракети со голем дострел во Украина за прв пат од почетокот на руската инвазија.