Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изрази уверување дека американската и европската поддршка за Украина ќе продолжи.
-Вложуваме многу сериозни напори по ова прашање и сигурен сум дека САД нема да не предадат, рече украинскиот лидер на својата годишна прес-конференција во Киев.
Средствата за Украина се одложуваат и во САД и во Европската унија поради политички несогласувања.
Зеленски ги изрази своите очекувања дека Европската унија наскоро ќе одобри пакет помош за Украина во вредност од 50 милијарди евра.