Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја покани најпознатата уметница од областа на перформансот во светски рамки Марина Абрамовиќ да биде амбасадор на Украина.

Седумдесет и шест годишната српска уметница, која е жесток критичар на Путин, изјави дека украинскиот претседател побарал од неа помош при обнова на училиштата, пренесува британски Телеграф.

Таа моментално ја одржува својата прва самостојна изложба во Велика Британија и е првата уметница која имала голема изложба во главните галерии на Кралската академија на уметностите во Лондон.

„Бев првиот уметник кој ја поддржа украинската војна против Русија и го даде својот глас. Тоа е дефинитивно повторување на историјата“, истакна Абрамовиќ во интервју за Музејот на модерна уметност во Шангај.

„Зеленски ме покани да бидам амбасадор на Украина, да им помогнам на децата погодени од обновувањето на училиштата“, додаде Абрамовиќ.

Уметницата објави видео на интернет неколку дена откако Путин ја започна својата непредизвикана војна. Во видео снимката таа зборуваше дека е родена во поранешна Југославија, која некогаш беше нападната од Советскиот Сојуз, и ги нарече Украинците „горди, силни и достоинствени“.

„Имам целосна солидарност со украинскиот народ на овој невозможен ден. Нападот врз Украина е напад врз сите нас. Тоа е напад врз човештвото и мора да се запре“, истакна Абрамовиќ во тогашното видео.

Извор: Frontline.mk.