По средбата со претставниците на САД државниот секретар Ентони Блинкен и министерот за одбрана Лојд Остин се обрати претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Тој рече дека продолжува да прави се за да ги протера окупаторите и да го врати мирот на целата нација.
-Клучен елемент на овој процес е силата на вооружените сили на Украина, достапноста на доволни количини и квалитет на оружје, доволни количини и квалитет на муниција. Помошта за Украина беше тема број еден во разговорите со американските претставници вчера во Киев.
-Ние го делиме истиот став со САД: кога демократијата победува во една земја, таа победува во целиот свет. Кога слободата се брани во една земја, таа се брани во целиот свет, рече Зеленски.