Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека оваа недела треба да се одржат нови мировни преговори меѓу Украина и Русија, и покрај ескалацијата на Блискиот Исток по американските и израелските напади врз Иран. Тој нагласи дека Киев веќе разгледува алтернативна локација за разговорите.

Средбата првично беше планирана за 5 и 6 март во Абу Даби, но поради безбедносната состојба можно е преговорите да бидат преместени во Турција или Швајцарија.

„Поради моменталните непријателства, не можеме да потврдиме дека состанокот ќе се одржи во Абу Даби, но и покрај ова, никој не го откажал состанокот“, изјави Зеленски.

Засега нема официјална одлука за новата локација, но подготовките за средбата продолжуваат.