Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека воените резервисти примиле повик, но исклучи генерална мобилизација откако Русија објави дека ќе испрати војска на истокот на Украина.
Зеленски синоќа изјави дека ќе продолжи да бара дипломатско решение за кризата и ја поздрави подготвеноста на Турција да учествува во мултилатералните разговори, но нагласи дека Украина нема да i отстапи никаква територија на Русија.
Во обраќањето до нацијата по парламентарната седница, Зеленски најави програма за „економски патриотизам“ која вклучува поттикнување на локалното производство и намалување на данокот на додадена вредност на бензинот.