Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека неговата земја нема оружје неопходно за ослободување на Мариупол, што беше блиску до освојување од руските сили.
– Ако добиеме авиони и доволно тешки оклопни возила, потребната артилерија, ќе можеме да го направиме тоа, истакна Зеленски во синоќешното видеообраќањето.
Тој додаде дека е сигурен оти Украина ќе добие сè што и е потребно.
– Но, не се губи само време. Се губат животите на Украинците. Животи кои повеќе не можат да се вратат, наведе Зеленски.
Борбите за Мариупол, што е стратешки важен град поради неговата локација на Азовско Море, се водат повеќе недели.