Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија шири обвинувања за корупција во Украина со цел да ја подели поддршката на Западот, пренесе Фокус.
„Пред сè, ова е добро познат руски наратив за корупцијата. Тие знаат дека не можат да го поделат општото единство на Европа и поддршката за Украина. САД и нивните разузнавачки служби дознаа за корените на идејата за тоа како да го поткопа општеството, поддршката во светот“, рече Зеленски по самитот на политичката заедница на Европската унија во Гранада.
Тој изјави дека за време на војната „ниту еден долар не бил украден од нашите партнери“, но истакна дека имало „различни луѓе и случаи“.