Украинскиот претседател Володимир Зеленски ноќеска упати предупредување до нацијата дека престојната седмица ќе биде клучна, ништо помалку важна од претходните како и и секоја останата седмица мината во војна.
-Ќе биде исто толку напнато, дури и уште поодговорно. Русија се повеќе се плаши. Се плаши дека ќе изгуби. Се плаши дека ќе мора да ја признае вистината, вели тој.
Според него, руските трупи ќе се преориентираат на уште поголеми операции на истокот од нашата земја.
-Можат да користат уште повеќе проектили против нас, да фрлаат уште повеќе бомби од воздух. Но, ние се подготвуваме за нивните постапки. Ќе одговориме. Ќе бидеме уште поактивни во обезбедувањето оружје за Украина. Ќе бидеме поактивни на меѓународната сцена. Ќе бидеме уште поактивни на полето на информациите., изјави Зеленски.