Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа го повика светот да ги осуди „псевдореферендумите“ организирани од Русија кои во моментов се одржуваат на четирите територии што ги има освоено во Украина од почетокот на нејзината инвазија.
Во своето секојдневно обраќање до нацијата, Зеленски изрази уверување дека „светот правилно ќе реагира на псевдореферендумите“ и оти „јасно ќе ги осуди“.
Во покраините Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје од 23 до 27 септември се одржуваат референдуми со цел овие делови на Украина да се присоединат кон Русија.
Рускиот претседател Владимир Путин направи слично нешто во 2014 година кога го анектираше Крим. И тогаш спроведе нелегитимно гласање кое беше осудено од меѓународната заедница.