Украина ќе мора да отстапи територии
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, оцени дека сè уште е рано да се говори за прифаќање на руските услови за територијални отстапки, но призна дека претседателот Володимир Зеленски „ќе мора да носи тешки одлуки“. Според него, Украина ќе мора да отстапи територии во корист на Москва, за да се дојде до мир.
Во интервју за германскиот весник „Билд“, Кличко нагласи дека исходот во голема мера зависи од американскиот претседател Доналд Трамп, кого го нарече „клучна фигура во светската политика“. Сепак, потсети дека војната ја започна рускиот лидер Владимир Путин и дека само тој има моќ да ја прекине.
„Путин во моментов одбива средба со Зеленски, тврдејќи дека нема причина или тема за разговор. Нашата вистинска сила е во заедничкиот фронт на Украина со Европската Унија и претседателот на САД – тоа ни дава значителна предност“, изјави Кличко.