Претседателот на Украина Володимир Зеленски пристигна во посета на Холандија.
Авионот со кој патувал украинскиот лидер слетал во воздухопловна база во Ајндховен, во јужниот дел на земјата. Зеленски вчера беше во посета на Шведска.
Посетата на Холандија доаѓа два дена откако САД и дадоа зелено светло на таа земја, како и на Данска, да и обезбедат американски авиони Ф-16 на Украина. Засега не се познати деталите за овие испораки, ниту датумот на кој би можеле да бидат извршени.
Зеленски во Холандија ќе има средба со премиерот во оставка Марк Руте.
Украинскиот лидер вчера, при посетата на Шведска, изрази интерес за шведскиот борбен авион Грипен.
Самиот Зеленски денеска го потврди своето доаѓање во Холандија со објава на X „Твитер“. „Првата дама и нашиот тим пристигнаа во Холандија“, се вели во соопштениеto.
„Авионите Ф-16 за Украина за заштита на нашиот народ од рускиот терор се главната цел на посетата“, додава Зеленски. Ќе станеме посилни“, нагласува шефот на државата.
Од почетокот на руската инвазија, Киев бара западни авиони за да се спротивстави на силите на Москва, кои во моментов доминираат.
САД имаат строги правила за препродажба или трансфер на американска воена опрема од страна на сојузниците.
Украинските пилоти ќе мора да поминат обука за летање со Ф-16, која ќе биде обезбедена од коалиција од 11 земји и треба да започне овој месец. Украинските пилоти се очекува да бидат обучени за користење на овие авиони до 2024 година.