Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го осуди распоредувањето руски војници во близина на границите на Украина како средство за „психолошки притисок”, на денот на започнувањето на заедничките руско-белоруски воени вежби на територијата на Белорусија.

Сметаме дека распоредувањето на војници во близина на нашите граници е средство за психолошки притисок од нашите соседи – истакна Зеленски.

Руската и белоруската армија денеска почнаа десетдневни воени вежби во Белорусија. Киев и Западот стравуваат дека акумулацијата на руските сили во близина на Украина сугерира инвазија врз таа земја. Русија негира дека планира напад.