Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека руските сили лансирале 36 проектили кон цели низ Украина во текот на ноќта и наутро. Тој додаде дека станува збор за „масовен напад“.
Во објава на неговиот канал Телеграм, тој рече дека украинската противвоздушна одбрана ги соборила повеќето истрелани проектили.
За потсетување, Русија со недели се обидува да ја уништи енергетската инфраструктура на Украина со проектили и дронови, поради што зачестија прекините во снабдувањето со електрична енергија во Украина.
„Имам порака до сите работници во енергетските капацитети кои моментално работат на местата на нападите и ја враќаат нашата инфраструктура во живот. Вие сте нашите херои“, напиша Зеленски.