Претседателот на Украина, Володимир Зеленски се очекува да се обрати пред албанскиот Парламент на следната пленарна седница, јави дописничката на МИА од Тирана.
Топ чанел објави дека Зеленски се согласил да се обрати со видео порака до албанските народни избраници и оти во албанскиот Парламент се подготвуваат за неговото обраќање, во вторник во 10 часот.
Во последните неколку недели, украинскиот претседател со видео пораки се обрати во парламентите на неколку европски земји.
Албанија, сојузник во НАТО, застана на страната на Украина, осудувајќи ја руската агресија и наметнувајќи санкции кон Русија.
Во земјата до сега пристигнати се околу 400 украински бегалци, на кои им е дадена привремена заштита според целосните законски одредби за азил.
Со посебна одлука на Владата, украинските државјани имаат право да влезат и да останат во Албанија без дозвола за престој, во период од една година.