Изјавата на Зеленски доаѓа еден ден, откако приватен авион во кој Евгениј Пригожин бил регистриран на списокот на патници, се урна во регионот Твер додека летал од Москва кон Санкт Петерсбург
Украина не е вмешана во наводната смрт на шефот на платеничката група „Вагнер“ Евгениј Пригожин, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесуваат светските медиуми.
„Ние не сме вмешани во оваа ситуација, тоа е сигурно. Мислам дека на сите им е јасно кој е вклучен“ рече Зеленски пред новинарите во Киев.