Украинскиот претседател Владимир Зеленски објави видео од улиците на Киев по гласините во руските медиуми дека побегнал од градот.
„Сите сме сè уште тука“, рече тој, опкружен со советници и со премиерот, пренесува Би-Би-Си.
„Ние ја штитиме нашата независност, нашата држава и ќе продолжиме да го правиме тоа“, додаде Зеленски.