Русија започна нова воена операција против нашата држава, воена состојба се воведува низ целата територија на Украина, ова утрово го изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски.
-Денес изутрина Русија започна нова воена операција против нашата држава. Ова е неоправдана лажна и цинична инвазија. Се извршуваат удари врз воени и други важни одбранбени објекти, нападнати се гранични единици, ситуацијата во Донбас е деградирана. Вооружените сили на Украина, сите специјални и органи на прогонот на државата се во готовност. Советот за национална безбедност и одбрана работи во итен режим. Ќе биде воведена воена состојба. Нашите дипломати го информираат светот за тоа што се случува. Украинците никогаш никому нема да ја дадат својата слобода и независност. Само ние самите, сите граѓани на Украина, од 1991 година ја одредуваме нашата иднина. Но, сега се решава судбината не само на нашата држава, туку и тоа, каков ќе биде животот во Европа, вели Зеленски.
Тој додава дека од чесниот и праведен одговор на светот на оваа агресија зависи дали ќе остане барем нешто од силата на меѓународното право.
-Цивилните граѓани на Украина треба да останат дома. Предупредете ги вашите најблиски за тоа што се случува. Грижете се за оние на кои им е потребна помош. Сите мисли и молитви се со нашите војници. Слава на Украина, рече тој.