Температурите наутро ќе се движат од 0 до 7 степени, а дневните од 2 до 11 степени.
Слично време и во Скопје со максимална дневна температура од 9 степени.
Врнежите ќе продолжат и утре. Синоптичарите најавуваат променливо облачно со повремени врнежи од дожд, претежно во западните делови и на крајниот исток. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.
Нови снежни врнежи се најавуваат веќе од понеделник.