Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, одржуванa од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва, 02 август 2023 година, во 22 часот и 44 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 97 километри југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија.
Земјотресот е со локална Рихтерова магнитуда ML3.1. Според досегашните информации со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југозападните делови на нашата Република, со интензитет од II – III степени според Европската макросеизмичка скала