Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала со епицентар кај Петриња ја погоди Хрватска, информира Сеизмолошката служба на Република Хрватска.

Земјата се затресе околу 15 часот и 20 минути.

„Како силна експлозија, куќата многу се стресе. Страшен звук на крцкање на ѕидовите“, изјави сведок од Петриња.

„Тоа беше силен звук. Како да ми удри автомобил во зградата“, изјави сведок од Сисак, кој исто така го почувствувал потресот.

„Куќата се тресеше прилично добро, одамна не било вака“, „Силен удар во куќата, се тресеше неколку секунди “, известија сведоците на земјотресот, пренесе „Дневник.хр“.