По вчерашниот земјотрес од 5,2 степени во Албанија денеска одново се тресе тлото.
Земјотрес со интензитет од 3,7 степени според Рихтер е регистриран во Албанија.
Епицентарот на земјотресот бил на 14 километри југоисточно од Бурел, и 30 километри североисточно од Тирана.
Земјотресот бил почувствуван и во делови од западниот дел од Македонија.