Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер денеска ја погоди југозападната кинеска провинција Сечуан.

Властите соопштија дека железничкиот сообраќај е делумно прекинат.

Три лица се тешко повредени.

Земјотресот се случил на околу 110 километри од Ченгду, главниот град на провинцијата, а епицентарот бил на длабочина од 17 километри.

Најсмртоносниот земјотрес во Кина во последните години се случи во Сечуан во 2008 година, а јачината беше 7,9 степени. Тогаш загинаа нешто помалку од 90.000 луѓе.