Земјотрес со јачина од 7,0 степени според Рихтеровата скала денеска погоди област оддалечена околу 32 километри од североисточниот крајбрежен град Јилан во Тајван, објави Тајванската метеоролошка служба, без непосредни извештаи за поголеми штети.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 73 километри под морското дно, беше почувствуван во северен Тајван, а ги потресе и зградите во главниот град Тајпеј, објави метеоролошката служба, класифицирајќи како потрес од четврта категорија.
Градската влада на Тајпеј соопшти дека не се пријавени поголеми штети веднаш по земјотресот.
Повеќе од 3.000 домови во Јилан накратко останаа без струја, соопшти електроенергетската компанија на Тајван.
Тајван се наоѓа во близина на точката на спојување на две тектонски плочи и е склонен кон земјотреси.
