Според центарот, земјотресот бил лоциран на 71 километар северозападно од градот Кахраманмараш на длабочина од 10 километри.

Засега нема информации за жртви или материјална штета.

Областа Кахраманмараш беше епицентарот на разорните земјотреси на 6 февруари годинава, со јачина од 7,7 и 7,6 степени. Повеќе од 50.000 луѓе загинаа во земјотресите, а околу 115.000 беа повредени.