Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран попладнево во 14:29 часот во југоисточниот дел на државата. Потресот бил почувствуван во Пехчево, Берово и околината.
Епицентарот на земјотресот бил лоциран на 122 километри од Скопје, во епицентралното подрачје Делчево – Берово.
Земјотресот бил со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.
