Продолжува да се тресе тлото на северозападниот дел од државата.

Земјотрес почувствуван во Скопје претпладне

Земјотрес беше почувствуван во Скопје во 11:41 часот по локално време.

Според Медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот се наоѓал во близина на триграничната област, односно тромелјето меѓу Северна Македонија, Србија и Косово.

Јачината на земјотресот беше 3,1 по Рихтеровата скала.