Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје синоќа во 23 часот и 33 минути, регистрирала земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 120 километри југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Струмица.
Земјотресот имале локална Рихтерова магнитуда ML3.0, а бил почувствуван од населението на Струмица, Валандово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.