Земјотрес со јачина од 3.3 степени по Рихтер пред неколку минути е почувствуван во Тетово, Скопје и околината. Како што пренесува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на потресот бил на околу 15 километри југоисточно од Тетово, на длабочина од 5 километри.