Земјотресот од 3,3 степени според Рихтерова локална магнитуда е почувствуван утрово во Валандово и околината , соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум територијата на државата, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија, го регистрирала земјотерсот утринава во 5 часот и 54 минути чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валандово, 120 км југоисточно од Скопје.
Според податоците со кои располага Опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Валандово и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.