Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето на Мостар, во БиХ.
Според податоците на EMSC, епицентарот на земјотресот бил на 39 километри од Мостар, на длабочина од 10 километри.
Бил почувствуван низ цела Босна и Херцеговина, но и во Далмација.
Земјотресот е регистриран нешто пред 10:30 часот утринава.